Велешанката Пале: Не се чувствувам виновна, делото го сторив во самоодбрана

Утрово, во Основниот суд Велес започна судењето на Павлинка Илоска од Велес. Илоска пред судијката која ја води постапката кажа дека не се чувствува виновна бидејќи делото го направила во самоодбрана, пренесе Телма.

Овој случај ја потресе јавноста и предизвика бројни реакции бидејќи, согласно ОЈО-Велес ја обвинува Илоска за кривично дело – убиство на миг.

Согласно обвинението:
„Обвинетата, на 29.09.2021 година, во семејната куќа во која живеела, доведена без своја вина во состојба на силна раздразнетост како последица на семејно насилство, го лишила од живот на миг сега починатиот А.Р. со кого живеела во вонбрачна заедница.

Откако се вратиле дома од гости, А.Р. во видно алкохолизирана состојба започнал вербална расправија со обвинетата, нарекувајќи ја со најпогрдни зборови. Таа влегла во спалната соба и легнала да спие, но тој дошол до неа, ја фатил за пижамата и со неа ја влечел до кујната, удирајќи ја со тупаници по главата, увото и левото рамо, како и со клоци по левата натколеница. Потоа силно ја фатил со раце во пределот на вратот да ја дави.

Обвинетата давала отпор и го молела да ја пушти, а во еден момент од масата зела нож и му нанела убодна рана во пределот на срцето. Како последица на убодот, дошло до пореметување и престанок на функционирањето на срцето и смрт кај сега починатиот.“

Хелсиншкиот комитет за човекови права реагираше на обвоинението нагласуваји дека обвионителството не ја зема предвид историјата на насилството врз жртвата, интензитетот на нападите и на повредите кои претходеле на настанот, раздразнетоста и уплавот кај жртвата во моментот на случување и истовремениот противправен напад – ударите по телото на жртвата, давењето и сериозноста на заканата по нејзиниот живот.

– Судот ќе треба да утврди под кои околности се случило убиството, но сметаме дека нужната одбрана не треба да се гледа само во времето кога се случил настанот, туку треба да се земе предвид дека Илоска била долгогодишна жртва на психичко и физичко насилство, со што кај неа се развил интензивен страв за нејзиниот живот -стоеше во реакцијата на Хелсиншкио комитет.
Според нив станува збор за дело нужна одбрана.

 

 

 

треба да се товари за полесно кривично дело направено во самоодбрана, а не убиство на миг кое препишува затворска казна од една до пет години.

 

 

 

 

откако се обзнани дека таа била малтретирана од својот поранешен сопруг, и на кој во миг на самоодбрана таа му нанела фатална рана со нож.

 

која се товари за кривично дело „убиство во миг”. Илоска пред судијката која ја води постапката кажа дека не се чувствува виновна бидејќи делото го направила во самоодбрана.

Back to top button
Close