Велешките пожарникари спречиле пожар од возило што зафатил и друго возило и бандера да се прошири на куќите во тесните сокаци во стариот дел од градот

Во Територијалната против пожарна единица Велес, синоќа во 22:25 часот, била примена дојава за запалено патничко возило на улицата „Љубен Весов“, во близина на Спомен куќа на „Кочо Рацин“ во стариот дел на Велес со стрмни непроодни сокаци и збиени куќи. Следела брза интервенција на пожарникарите со која било навреме спречено проширување на пожарот кој се проширил од едно на друго возило и зафатил и една бандера, а можел за кратко време да ги зафати и блиските куќи.

Како што денеска информираат од ТППЕ Велес, тие излегеле на лице место со две против пожарни возила и шест пожарникари.

-По пристигнување на лице место глетката прикажуваше проширување на пожарот од кој беа зафатени две возила и една бандера. Со брза интервенција и пожртвуваност на пожарникарите, пожарот беше изгаснат и не се дозволи огнот да направи штета и на околните куќи, соопштија денеска од ТППЕ Велес.

Инаку велешката улица „Љубен Весов“ се наоѓа во стариот дел на градот којшто е густо населен и куќите се прилепени една до друга така што пожарот можел многу брзо се шири. Воедно проодноста на пожарникарското возило по стрмните и тесни улички е многу тешка и поради голем број на паркирани возила

Back to top button
Close