Велешките земјоделци да го запазат рокот за субвенции до 31 јули, апелираат од Подрачната единица на МЗШВ

Земјоделците да бидат поажурни и да пријават за субвенции во предвидениот рок, до 31 јули, апелираат од Подрачната единица на Министерствoти за земјоделство, шумарство и водостопанство во Велес.

Според  раководителот на Подрачната единица, Зоран Наковски, рокот треба да се запази зашто веројатно нема да има негово продолжување.

-Земјоделци, покажете поголема ажурност и пријавете се во предвидениот рок за да го остварите вашето право за добивање финансиска подршка, апелира Наковски и потсетува дека субвенционирањето е за секаков вид растително, како и за сточарското производство.

Според него, во Велешко има околу 1400 регистрирани земјоделци, а бројката варира бидејќи се регистрираат и нови земјоделци.

Back to top button
Close