Велигденска средба на отецот и муфтијата во Дебар

Делегација на дебарското муфтиштво предводена од страна на муфтијата Решат еф. Качалнику денеска го посрети седиштето на МПЦ –ОА , и на отец Миле Ангеловски му го честиташе празникот Велигден . На средбата муфтијата Качалнику и отец Ангеловски оценија дека во Дебар со векови  верските односи со векови се одлични .

Муфтијата Решат Качалнику во честитката нагласи дека соживотот и толеранцијата секогаш биле пример во Дебар, а верските празници секогаш биле почитувани од сите гражани без разлика на нивната верска и етничка припадност.

– За многу години да е Велигден и сите други празници, така било понапред така е и денеска и ке биде и понатаму –  рече дебарскиот муфтија . Треба целосно да ги задржиме добрите традиции на соживот , бидејки Дебар беше и останува град на толеранција .

Отецот Миле Ангеловски се заблагодари за честитките на муфтијата по повод Велигден . Тој додаде дека верниците муслимани се во месецот на постот Рамазан, а на Бајрам повторно верските претставници ке бидат заедно на честитање на Рамазан Бајрам .

-Во Дебар и порано и сега сите се почитуваат без разлика на својата верска припадност. Односите меѓу дебарчани секогаш биле за соживот и толеранција – рече Ангелвоски и додаде дека е убеден дека вака ке биде и во наредниот период .

Инаку меѓусебните честитки на попот и оџата во Дебар  за време на празниците било тоа да се христијански или муслимански секога биле момент да се изнесе уште еднаш оценката дека Дебар е град на верска и етничка толеранција, и е пример и за другите градови во  нашава држава .

К.М.

Back to top button
Close