Велика Британија ќе го суспендира договорот за екстрадиција со Хонг Конг

 Велика Британија ќе го суспендира договорот за екстрадиција со Хонг Конг, што е ескалација на спорот со Кина за законот за национална безбедност што Пекинг го воведе во оваа поранешна британска колонија, јавуваат британските медиуми.

Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Рааб, кој претходно ја обвини Кина за масовно кршење на човековите права, ќе објави суспензија на договорот во Парламентот, објавија весниците „Тајмс“ и „Дејли телеграф“.

На барањето да ги коментира овие информации, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи во Пекинг ја повика Велика Британија да не „оди по погрешен пат“.

Back to top button
Close