Велика Британија го крати карантинот за патниците со негативен тест

Британските власти од 15 декември ќе го скратат двонеделниот карантин за патниците кои имаат направено негативен тест за коронавирусот, пет дена по влегувањето во земјата.

Како што објави британската Влада, оваа одлука треба да го заживее туризмот, особено  воздушниот сообраќај, што претрпе значителни загуби за време на пандемијата.

Од 15 декември, патниците кои ќе пристигнуваат во Велика Британија со авион, траект или воз, ќе можат да го прекинат на карантинот доколку нивниот тест за Ковид-19 биде негативен пет дена по пристигнувањето.

Патниците ќе мора да закажат тест пред патувањето, да пополнат формулар за тоа каде можат да бидат лоцираат и мора да бидат во изолација до резултатите од тестот.

Оние кои ќе изберат да не бидат тестирани пет дена по пристигнувањето во Велика Британија, ќе мора да го почитуваат двонеделниот карантин.

Back to top button
Close