Велика Британија и Франција свикаа итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради хуманитарната ситуација во Газа

Велика Британија и Франција свикаа итен состанок на Советот за безбедност на ОН за да разговараат за хуманитарната ситуација во Газа, а Лондон ја разгледува можноста за воведување санкции за двајца израелски министри, изјави денеска британскиот премиер Кир Стармер.

„Константно го презентираме ова со нашите партнери. Има итна потреба, која постои долго време, за поголема помош да стигне до Газа“, изјави Стармер.

Шефот на британската дипломатија Дејвид Лами рече дека Израел мора да обезбеди заштита на цивилите и да ги отвори патиштата за да дозволи помош за спасување животи, како и дека на состанокот на Обединетите нации ќе се разгледуваат овие прашања

Back to top button
Close