Велика Британија одобри употреба на вакцината на Фајзер и Бионтек

Велика Британија ја одобри употребата на вакцината против коронавирусот на компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ и најави можат тие да можат да се користат од почетокот на следната недела.

– Владата денеска ја прифати препораката на Агенцијата за лекови и здравствени производи и одобри употреба на вакцината на Фајзер и Бионтек, објави британската Влада.

Велика Британија прва во светот ја одобри оваа вакцина.

Првите вакцини ќе бидат достапни веќе следната недела.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close