Велика Британија престана да разменува разузнавачки информации со САД за бродовите во Карипско Море

Велика Британија ја суспендираше размената на разузнавачки информации со САД за бродови осомничени за трговија со дрога во Карипско Море, бидејќи не сака да биде соучесник во американските воени напади и верува дека нападите се нелегални, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на неименувани извори.
Велика Британија контролира голем број територии на Карибите, каде што се наоѓаат нејзините разузнавачки служби, со години им помага на САД да лоцираат бродови осомничени за пренесување дрога, за да може американската крајбрежна стража да ги пресретне.
Разузнавачките податоци обично се испраќаат до Заедничката меѓуагенциска работна група Југ, стационирана во Флорида и вклучува претставници на неколку партнерски земји, а чија цел е да ја потисне нелегалната трговија со дрога.
Сепак, откако САД во септември почнаа да вршат смртоносни напади врз тие бродови, Велика Британија се загрижи дека САД можеби ги користат британските разузнавачки податоци за да изберат цели.
Британските власти веруваат дека американските воени напади, во кои загинаа 76 лица, го кршат меѓународното право,
Амбасадата на Велика Британија во Вашингтон, Пентагон и Белата куќа сè уште не ги коментирале наводите на Си-ен-ен.






