Велика Британија утре воведува санкции против Русија

Британскиот премиер Борис Џонсон претходно вечерва одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да го признае суверенитетот на бунтовничките области го нарече „лош знак“ и „флагрантно кршење на меѓународното право

 

Велика Британија утре ќе ги соопшти санкциите против Русија по вечерашново признавање од страна на Москва на отцепените украински региони Луганск и Доњецк, изјави шефицата на британската дипломатија, Лиз Трас, јави ДПА.

„Утре ќе објавиме нови санкции кон Русија како одговор на нивното кршење на меѓународното право и нападот врз суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“,

напиша на Твитер министерката Трас.

Британскиот премиер Борис Џонсон претходно вечерва одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да го признае суверенитетот на бунтовничките области го нарече „лош знак“ и „флагрантно кршење на меѓународното право.

Санкции претходно најавија и ЕУ и САД.

Back to top button
Close