Велиу, една од основачките на Левица: Апасиев фалсификуваше десетици документи за да стане претседател

Димитар Апасиев фалсификуваше десетици документи, одлуки и записници од состаноци што никогаш не се одржаа. На тој начин, без почитување на статут или право, тој ја фалсификуваше структурата на партијата и тие лажни документи ги достави до судот“ изјави Џејлан Велиу, една од основачките на Левица за меѓународниот левичарски портал „Јакобин“.

Димитар Апасиев фалсификуваше десетици документи, одлуки и записници од состаноци што никогаш не се одржаа. На тој начин, без почитување на статут или право, тој ја фалсификуваше структурата на партијата и тие лажни документи ги достави до судот“ изјави Џејлан Велиу, една од основачките на Левица за меѓународниот левичарски портал „Јакобин“.

Таа објаснува дека во февруари 2019 на овој начин, со лажирани оставки, четири членови, меѓу кои беше и таа, биле избркани од седумчленото претседателство на Левица.

„Потоа тие ги сменија и бравите на партиската канцеларија во Скопје и ги презедоа веб страницата и профилите на социјалните мрежи на партијата. Неколку дена пред тоа ја „киднапираа“ и партиската банкарска сметка на која имаше околу 90 илјади евра, пари добиени од државата по резултатите на изборите“ изјави Велиу.

Како што објаснува Велиу, ваквиот однос на Апасиев следува по одбивањето на највисоките тела на Левица за претседателските избори во 2019 година да го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, нешто на што тој инсистирал. Велиу исто така открива дека дури и пред предлогот од страна на Апасиев за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, тој имал изјави и поддржувал десничарски иницијативи, со што се дистанцирал од остатокот од партијата.

„Левица денес е партија без јасна идеологија или политичка програма. Не е ништо поразлична од останатите буржоаски партии. Не ги претставува интересите на работниците, туку е дел од системот. Оваа партија сега нема цел да ги доближи етнички разделените луѓе, туку да ги наруши односите меѓу работниците од различни етнички заедници. Претставувајќи се како единствена партија која се бори за националните интереси на Македонците, новото лидерство често користи национал-шовинистички изјави“ изјави Велиу.

Таа додава дека како резултат на тоа Левица засекогаш ја загуби поддршката од муслиманите, како и работниците со албанска или турска националност.

пренесе фронтлаин мк

Back to top button
Close