Вело Марковски сака да се всели во председателската резиденција.Ќе се кандидира за шеф на државата
Првиот кандидат за претседателските избори е познат.
Станува збор за проф. д-р Вело Марковски, кој денеска преку соопштение ја повика јавноста на настан каде ќе ги објави своите намери за поднесување на своја кандидатура на претстојните претседателски избори.
Според соопштението, повеќе детали околу неговата кандидатура ќе се добијат на 19 октомври (четврток)
За да влезе во трката за избор на претседател на државата, тој ќе треба да собере 10 000 потписи или да биде поддржан од најмалку 30 пратеници.
Марковски дипломирал на медицинскиот факултет во Скопје во 1983 година, од 1986 до 1992 година работел како лекар во службата за Итна медицинска помош во Скопје, а потоа до 2010 како лекар специјалист во Инфективната клиника при клиничкиот центар во Скопје. Од 1999 до 2002 година бил директор на ЈЗУ Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.
Поголемите партии сè уште немаат објавено кој ќе биде нивниот кандидат за шеф на државата.