Велосипедист удрен од автомобил кај Драмски театар

Седумдесет и четиригодишен велосипедист се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од автомобил во близина на Драмски театар, потврдија од МВР за МИА.

Оттаму посочија дека денеска во 12:57 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Руѓер Бошковиќ”, во близина на Драмски театар, патничко моторно возило „Пежо” со скопски регистарски ознаки, управувано од В. А. (55) од Скопје, удрило во велосипедистот Б. В. (74) од Скопје.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во ГОБ „8-ми Септември”.

Back to top button
Close