Венецијанскиот „Златен лав“ во рацете на култниот режисер Џармуш

„Татко, мајка, сестра, брат“, филмот на режисерот Џим Џармуш е добитник на наградата „Златен лав“ на 82-то издание на Венецискиот филмски фестивал.

Филмот има импресивна актерска екипа: Кејт Бланшет, Том Вејтс, Адам Драјвер и Шарлот Ремплинг и е приказна за отуѓени браќа и сестри кои повторно се обединуваат по долги години и се принудени да се соочат со нерешени тензии.

Филмот наскоро ќе биде прикажан и во Северна Америка, каде што е избран како „Centerpiece“ на престижниот 2025 New York Film Festival.

Гилемиот фаворит, „Гласот на Хинд Раџаб“ на туниската режисерка Каутер Бен Ханија мораше да се задоволи доби со Сребрениот лав. Филмот за смртта на шестгодишно палестинско девојче во Газа не остави никого рамнодушен, по премиерата доби 23 минути овации, како што велат познавачите, најдолги во историјата на фестивалот.

Македонија оваа година се претстави со два филма и освои една награда. „Мајка“ на Теона Стругар Митевска ја отвори натпреварувачката програма Хоризонти, а „Силјан“ на Тамара Котевска се прикажа вон конкуренција во програмата за документарци и ја освои независната паралелна награда „Филм и уметност“ за најдобар филм, наречена и „Награда за муза“.

Венецијанскиот фестивал го означува почетокот на сезоната на доделување награди и ги открива големите фаворити за Оскарите.

Back to top button
Close