Венгер не верува во шансите на Арсенал да ја освои Премиер лигата

– Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер не верува особено во шансите на тимот од Северен Лондон оваа сезона да конкурира за шампионската титула во Англија. Тимот на Микел Артета заостанува 7 бода зад лидерот Ливерпул, а тимот не станал шампион од 2004 година.

-Веќе одигравме 25 натпревари во сезоната, а Ливерпул запиша само еден (пораз од 0-1 од Нотингем Форест во септември). Тие треба да загубат најмалку три од нивните преостанати 13 натпревари пред крајот на сезоната. Засега, ова изгледа многу малку веројатно, освен ако не дозволат целосен колапс. Има еден супер фаворит, а Арсенал треба да направи перфектна серија, победувајќи ги сите натпревари, за да има шанса. Се молам за тоа, но треба да го подобрам квалитетот на моите молитви, изјави францускиот менаџер, кој го водеше тимот 22 години и во моментов е директор за глобален фудбалски развој во ФИФА.

Во календарот на Арне Слот во Премиер лигата, тимот треба да игра со Астон Вила, Манчестер Сити, Њукасл и Фулам пред да му гостува на Арсенал во 36. коло на 10 мај, што се очекува да биде финале на сезоната.

Back to top button
Close