Венс: Израел нема да го анектира Западен Брег

Западен Брег нема да биде анектиран од Израел, изјави денеска американскиот потпретседател Џеј Ди Венс откако израелскиот Парламент усвои два закона насочени кон проширување на израелскиот суверенитет над Западниот Брег.

– Ако ова беше политички потег, тоа беше многу глупав политички потег и јас лично го сфаќам како навреда. Политиката на администрацијата на (американскиот претседател Доналд) Трамп е дека Западниот Брег нема да биде анектиран од Израел, тоа ќе продолжи да биде нашата политика, наведе Венс на крајот од неговата посета на Израел.

Тој истакна дека е оптимист за прекинот на огнот во Појасот Газа.

Back to top button
Close