Верати може да го пропушти остатокот од сезоната во Лигата на шампионите

Играчот од средниот ред на Пари Сен-Жермен, Марко Верати ќе го пропушти четвртфиналето на Лигата на шампионите против Аталанта, пренесува „РМЦ Спорт“. Постои можност тој да не се врати на теренот до крајот на сезоната во елитното натпреварување.

Италијанецот се повреди на еден од тренинзите по судир со соиграчот Ерик Максим Чупо-Мотинг. Играчот од средниот ред го повреди мускулот (листот) на потколеницата.

Натпреварот Аталанта – ПСЖ ќе се одржи на 12 август. Оваа сезона ќе се играат само по еден дуел во четвртфиналето и полуфиналето.

Неизвесно е и учеството на Килијан Мбапе, Анхел Ди Марија е суспендиран, а договорот на Единсон Кавани истече. Покрај тоа, тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, се здоби со скршеница на стапалото.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close