Верижен судир на пет возила во Битола
![](https://libertas.mk/wp-content/uploads/2020/05/verizhen-sudir-na-pet-vozila-vo-bitola.jpg)
– Доцна попладнето на улицата „Партизанска“ во Битола се случи сообраќајна незгода, верижен судир на пет возила.
Во сообраќајката оштетени се три возила марка „форд мондео“, „мерцедес“ и комбе возило марка „фиат“, како и урбана и комунална опрема поставена на улицата „Партизанска“ во Битола.
СВР-Битола времено го запре сообраќајот на улицата, едно лице со повреда е пренесено во Клиничка болница, а полициски експерти ги утврдуваат причините и последиците од верижниот судир на 5 автомобили кој доцна попладнево се случи во Битола.