Верстапен ја освои Големата награда на САД

Четирикратниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул утрово победи на трката во Формула 1 во Лас Вегас за Големата награда на САД.
Ландо Норис од Мекларен заврши втор, 20,741 секунди зад Верстапен, додека Џорџ Расел од Мерцедес беше трет, 23,546 секунди зад победникот.
На две трки до крајот на сезоната, Норис останува лидер во пласманот на возачи со 408 поени, 30 поени пред Оскар Пјастри, Верстапен е на третото место 42 поени зад Норис.
Претпоследната рунда од сезоната во Формула 1 во 2025 година ќе се одржи од 28 до 30 ноември во Катар.






