Верстапен: Последните неколку сезони Хамилтон немаше вистински конкурент за титулата

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, изјави дека Луис Хамилтон изминатите неколку години без тешкотии стигнуваше до шампионскиот трофеј.

– Во последните години Хамилтон не мораше навистина да се бори за титулата, бидејќи со Себастијан Фетел тоа не беше баш вистинска битка. Во секој случај, секој може да каже што сака. Знам дека треба да бидам брз и се радувам на шансата навистина да се борам за трофејот. Ние, како тим, мора да продолжиме да му парираме на Мерцедес ако сакаме противниците да прават грешки. И покрај недостатокот на вистинска конкуренција, Верстапен рече дека сепак го смета Хамилтон за еден од најдобрите возачи во историјата на Ф1.

– Луис скоро секогаш ги победуваше своите ривали. Затоа се согласувам дека тој е еден од најдобрите Ф1 возачи во историјата. Сепак, во последните години, Мерцедес навистина доминираше во Формула 1 и Луис немаше друг ривал, освен неговиот тимски колега. Истото се случуваше во златната ера на Ферари, додаде холандскиот возач.

Верстапен по пет трки во Ф1 шампионатот е лидер во поредокот со 105 бодови, четири повеќе од Хамилтон. 

Back to top button
Close