Вертонген потврди дека го напушта Тотенхем

Јан Вертонген потврди дека го напушта Тотенхем по осум години во клубот.

– Моето време во клубот заврши. Тажен ден од неколку причини. Ќе ми недостигаат пријателите што ги создадов овде, персоналот кој го води клубот, играњето на неверојатниот нов стадион и секако – вие, навивачите, напиша Вертонхен на својот профил на Твитер.

Триесет и три годишниот играч пристигна во Тотенхем во 2012 година од Ајакс и одигра вкупно 315 натпревари за осум години.

Вертонген го напушта клубот откако му истече договорот, а тој претходно посочи дека би сакал да игра во Италија или Шпанија и рече дека има „сериозни“ понуди.

Клубот му посака многу успех, исто како и голманот Мајкл Ворм, чиј договор истече. Ворм оствари 48 настапи во сите натпреварувања во два мандата во клубот.

Back to top button
Close