Весковски: Младински културен центар во Општина Карпош

Проектот, како што појасни, предвидува екстерно реновирање и обнова на објектот, внатрешно уредување, зголемување на фондот на литература за сите возрасти, осовременување на читалната, со дигитален пристап до одредена литература, заживување на кино салата, изградба на сензорна соба со која ќе овозможиме инклузија на децата со попреченост, како и создавање можности за реализација на голем број работилници, едукативни, културни и други настани.

-Ќе изгледа фантастично. Карпош може, Карпош мора да оди напред преку реализација на граѓанскиот концепт, на проевропскиот концепт со нови лица, нова енергија и нови политики, истакна Весковски.

Извор: МИА

Back to top button
Close