Ветерани на ОВК протестираа против апсењето на Рамадани пред судот во Скопје

Ветераните и членовите на семејството на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Блерим Рамадани, денеска (20 јули) протестираа пред Основниот кривичен суд во Скопје и бараа негово ослободување откако беше уапсен при обид за влез во државата преку граничниот премин „Јажинце“, јавува Алсат ТВ.

„Апсењето е извршено врз основа на налог за апсење издаден од белградскиот суд преку Интерпол Србија. Овој чин, 25 години по праведната борба на Албанците за слобода и еднаквост, демократија и независност е неприфатлив и бараме негово итно ослободување без никакво одлагање и негово враќање кај семејството. Секој ден одложување е тенденциозен за навреда и понижување на нашата праведна војна и оваа акција нема да се толерира“, изјавил Мевлудин Бајрами, ветеран на ОВК, пренесе Алсат ТВ.

Блерим Рамадани е косовски државјанин, а беше приведен на граничниот премин меѓу Северна Македонија и Косово на 17 јули по барање на Интерпол Србија.

Приведувањето тогаш го потврди и македонското Министерството за внатрешни работи (МВР), откако претходно информацијата ја објави косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора.

Косовските власти информираа дека со овој случај се занимава и амбасадорот на Косово во Северна Македонија и дека властите работат на брзо ослободување на Блерим Рамадани.

Ден по приведувањето, на 18 јули, Основниот кривичен суд Скопје, на барање на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција на Рамадани му определи екстрадициски притвор

Back to top button
Close