Ветерот ја сопре жичницата на Водно, ЈСП најавува нормализација кога ќе се подобрат условите

Жичницата на Водно денеска не сообраќа поради засилен ветер, информираа од ЈСП Скопје.
Од претпријатието посочуваат дека јачината на ветерот ги надминува дозволените безбедносни граници за нормално функционирање, поради што е донесена одлука за привремен прекин на работата.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и веднаш штом ќе се создадат соодветни временски услови, жичницата ќе продолжи со редовен превоз на патници“, велат од ЈСП.
Жичницата кон Водно важи за една од најпосетените рекреативни атракции во Скопје, особено за време на викенди и празници, а ваквите прекини најчесто се воведуваат од безбедносни причини, објави Скопје1.мк






