Ѕвездено небо во Штип во чест на Панчо
Граѓани се собираат во Штип за да му оддадат почит на Владимир Блажев Панчо, член на групата ДНК. Тој по седум месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс”, не успеа да се избори и почина од повредите и изгорениците од пожарот.
Во чест на Панчо, под отворено небо, Штип ќе застане во тишина за младиот човек кој зад себе остави неизбришлива трага меѓу пријателите, семејството и целата заедница. Настанот, организиран под мотото Ѕвездено небо во чест на Панчо е симболичен гест на благодарност и сеќавање”, велат организаторите.
На социјалните мрежи се шират пораки: „Небото да блеска како што Панчо блескаше за сите нас.”
Панчо е 63-та жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“.
Панчо ќе биде погребан утре на градските гробишта Бутел во Скопје, во 12 часот.
Третата по ред, блокада од страна на родителите на загинатите во дискотеката Пулс, беше без изјави, во знак на почит кон вокалот на днк