„Ви благодариме што ни ги спасивте животите“ – Порака од семејство на повредено дете од Кочани оставена на автомобил пред УКЦС во Белград

Порака за благодарност се појави на паркингот пред Универзитетскиот клинички центар на Србија (UKCS), оставена од семејството на дете повредено во пожарот во таканаречената дискотека Пулс во Кочани.
„Ви благодариме што ни ги спасивте животите! UKCS Белград – Ви благодариме, Србија! 16.03.2025. Кочани“, пишува на натписот што е залепен на задниот дел од паркираниот автомобил.
Автомобилот, со македонска регистрација, му припаѓа на семејството на повреден пациент кој се лекуваво UKCS. Според вработените, родителите на повредените деца се во болницата дење и ноќе и се неизмерно благодарни на персоналот за сè што прават за своите деца.
преземено од инфомах мк