Вијести: Постигнат договор со Ѓукановиќ за отповикување на седум амбасадори

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, потпретседателот на Владата, Дритан Абазовиќ и министерот за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ постигнаа денеска договор во врска со отповикувањето на седум црногорски амбасадори.

Средбата меѓу Ѓукановиќ, Абазовиќ и Радуловиќ траеше речиси два часа.

Како што е соопштено вечерва, Ѓукановиќ ќе го потпише указот за отповикување на амбасадорите, откако Радуловиќ му доставил адекватни образложенија за нивно менување.

Средбата ја иницирал Радуловиќ, по кризата со решавањето на прашањата за повлекување на седуммината дипломати, кое го побара Владата, но шефот на државата одбиваше да потпише указ за тоа.

Според пишувањето на подгоричкиот весник „Вијести“, ниту еден од учесниците на состанокот не сакал да даде изјава за новинарите.

Шефот на црногорската дипломатија во образложението наведе дека амбасадорите им наштетиле на интересите на државата, не прецизирајќи за што станува збор.

Радуловиќ одлучи да бидат отповикани амбасадорите во Кина, Дарко Пајовиќ, во Србија Тарзан Милошевиќ, во Обединетите Арапски Емирати Душанка Јекниќ, во Ватикан Миодраг Влаховиќ, во Италија Сања Влаховиќ, во БиХ Обрад Миша Станишиќ и во Германија Вера Кулиш.

Back to top button
Close