„Ви недостигаат информации“: Професорката Верка Мешко ја демантира владината портпаролка Марија Митева

Професорката Верка Мешко од Меѓународниот балкански универзитет е изненадена од недостатокот на информираност на владината портпаролка Марија Митева во врска со нејзината изјава за научните бази Web of Science и SCOPUS.

Во јавната реакција, Мешко пишува наведувајќи на изјавата на Митева:

„После сериозните инвестиции во образованието, преку реформски закони, до инфраструктурни подобрувања и покачувања на платите, следува нова мерка во образованието која сега фокус става на науката. Конечно, со денешната одлука на Владата за усвојување на измената на Програмата за научно – истражувачка дејност за 2025 година за прв пат во историјата научните бази Web of Science и SCOPUS стануваат бесплатни за сите државни универзитети, МАНУ и Универзитетот на Југоисточна Европа’, соопшти владината портпаролка Марија Митева.

И можaм кажам дека сум крајно изненадена од вашиот недостаток на информации што всушност се случувало во минатото во одност достапноста до научните бази на податоци.

Оваа вест е само делумно точна и тоа она што се однесува до базата Web of Science. Но веста за SCOPUS базата не е сосема точна“.

Професорката Мешко информира дека SCOPUS бил бесплатен од 2005 до 2010 година и бил во рамките на проектот Tempus кој се реализирална Технолошко-металуршкиот факултет од 2004 до 2006 година.

 

„Партнери во овој проект покрај Технолошко–металуршкиот факултет во Скопје беа: Универзитетот во Порто, Португалија како координатор на проектот од страна на ЕУ, Универзитетот во Минјо, Португалија, Универзитеот од Кардиф, Англија, Хериот Ват Универзитетот од Единбург, Англија, Факултетот за природни наки и инженерство, Унивезитет од Љубљана, Словенија.

Во рамките на овој проект донесена е и Scopus базата преку договорот склучен во 2005 година меѓу НУБ и Elsevier“.

Мешко додава: „Сето ова се одвиваше во согласност на Министерството за образование и наука и тогашниот министер Азис Положани. Во првата година на достапност на SCOPUS базата можеа да ја користат сите факултети на УКИМ и УКЛО, и тоа само на 2 до 3 IP адреси на секој факултет и тоа сосема бесплатно.

По овој преоден бесплатен период, МОН донесе одлука да го финaнсира пристапот до Scopus базата за сите тогашни државни универзитети во Македонија.

Во 2010 година МОН го прекина финансирањето и од тогаш до денес сите научни работници се сноѓаа како знааат и умеат за да стигнат до современите истражувања од областа од интерес а без подршка на државата“.

Професорката Верка Мешко ѝ порачува на портпаролката Марија Митева:

„Затоа мислам дека во најмала рака е крајно некоректно (да не употребам некој погруб збор) да тврдите дека за прв пат во историјата се достапни нуачни бази во Македонија. Според мене, оваа изјава повеќе е засрамувачка за нашата држава оtколку што е за пофалба бидејќи ова се случува во 2025 година“.

Back to top button
Close