Вицепремиерот Фетаи му врти грб на Таравари, сакал да остане во владата
Арбен Таравари најави оставка, но ресорот здравство останува кај владиниот партнер „Вреди“ и , според Слободен печат вицепремиерот Арбен Фетаи нема да му се придружи на Таравари, туку ќе остане дел од владиниот кабинет на Христијан Мицкоски.
ĺ
Со Таравари во опозиција се очекува да заминат и замениците министри Флакрон Беџети и Елфете Исмаили. Неизвесно е само дали на масата на претседателот на Собранието Африм Гаши прво ќе стаса оставката од Таравари или барањето на Мицкоски за разрешување на министерот за здравство.
Според функционерот од ВМРО-ДПМНЕ, вицепремиерот Фетаи најверојатно нема да поднесе оставка, бидејќи веќе изразил интерес да остане во кабинетот на премиерот Мицкоски.
Фетаи не присуствуваше на состанокот на Централното претседателство, кога Алијанса за Албанците донесе одлука да заминат во опозиција.
…