Вицепремиерот Фетаи на гости кај Курти со функционери на Алијанса
Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, денес беше во посета кај косовскиот премиер Албин Курти, заедно со други функционери на Алијанса за Албанците, кои го поддржаа Арбен Таравари во судирот со Зијадин Села, но сега се против одлуката на Таравари да го напушти ВЛЕН и да замине во опозиција.
„Во зората на овој ден, заедно со некои идеални пријатели од Алијансата за Албанците, тргнавме по патот кон Приштина, поминувајќи го автопатот „Арбен Џафери“, пат кој за нас не е само инфраструктура, туку симбол на нашата духовна и национална врска.
Таму во Приштина, имавме братски разговор со нашиот пријател, Албин Курти. Она што денес нè обединува, повеќе од кога и да е, е нашата заедничка визија и идеал за напредок и развој, идеал кој не познава граници“, напиша Фетаи.
Во негово друштво беа поранешниот пратеник Сурија Рушити, поранешниот министер за администрација Азир Алиу… Се очекува Фетаи да остане во владата и да предводи фракција во АА против Таравари.