Вицепремиерот Стоилковиќ и други функционери со рускиот амбасадор на прослава на 9 Мај

Додека Македонија е на листата на непријателски земји на Русија, вицепремиерот Иван Стоилковиќ рамо до рамо со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, го чествувал 9 Мај. Пред присутните, амбасадорот во својот говор кратко се осврнал и на независноста на Украина и балтичките држави, на што во првите редови сведочел Стоилковиќ. Настанот се одржал во Музејот на Град Скопје, на шестти вечерта, каде била отворена изложба насловена „Патот кон големата победа“.

Настанот го поддржале и домашни институции, меѓу кои и Музејот, а во публиката, освен вицепремиерот, присутни биле и директорката на Државниот архив, Наташа Котлар, пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил Хактан, градоначалникот на Општина Сопиште Стефче Трпковски, а имало и претставници од Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

„За жал, во наше време сме сведоци на обиди за извртување, замолчување или тенденциозно толкување на историската вистина за Победата над фашизмот. Повеќе од тоа, се прават напори да се обвини Советскиот Сојуз за започнувањето на Втората светска војна, а активностите на нацистичките помагачи – особено во некои земји, првенствено во Украина и балтичките држави – се обидуваат да се претстават во херојско светло, како борба за национална независност, оценил амбасадорот Баздникин.

Back to top button
Close