(ВИДЕО) 360° Царовска: Вонредната состојба треба да се продолжи

Вицепремиерката и потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска, во интервју за „360 Степени“ зборуваше за нејзиниот и за ставот на Владата со кој ќе се оди на утрешниот Совет за национална безбедност на претседателот Пендаровски на кој ќе се одлучува за вонредната состојба која завршува утре и дали треба да биде продолжена.

„Одлука се уште не е донесена на владина седница, но ова прашање се дискутира и во утринските часови утре оваа тема ќе биде разгледувана на владината седница и ќе донесеме одлука со кој став се оди на Совет за безбедност“, вели Царовска.

Запрашана за нејзиниот став, Царовска вели дека со оглед на тоа што вонредната состојба значи поголема оперативност и можност за дејствување, смета дека треба да се продолжи.

Во однос на што ова значи за изборите, односно дека нема да можат да се одржат на 21 јуни, Царовска вели дека последните податоци од тестирањата укажуваат дека е потребно уште едно разгледување на можноста за вонредната состојба да биде продолжена на уште одреден период.

„Можеби не уште 30 дена, но во одреден период треба да ги согледаме сите елементи“, вели Царовска.

Back to top button
Close