(ВИДЕО) 360 Степени: Дебата со Стојковски, Креци и Спасеновски

Во новото издание на „360 Степени“ (2 октомври 2020 г.) на Алсат:

Позитивно прозвучи одговорот на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева на прашањето – колку е веројатно дека ќе се оствари тоа што го кажа вицепремиерот Красимир Каракачанов – дека Софија ќе ја блокира земјава на патот кон ЕУ ако не се решат важните прашања, како што е Гоце Делчев. Одговорот на Захариева беше дека нејзиниот пристап е различен од тој на Каракачанов и дека Бугарија инсистира на, како што рече, апсолутна гаранција во преговарачката рамка дека добрососедството, кое не е критериум што го измислила Бугарија, туку е европски, хоризонтален критериум, ќе се набљудува за цело време на пристапниот процес.

Дали е ова изјава која може да се смета за најава дека првата меѓувладина конференција за земјава, сепак, ќе се случи во декември или и таа содржи скриени замки во себе, треба да биде појасно во следните недели, за кога се најавуваат средби на владино ниво меѓу Скопје и Софија, а и на ниво на експертски комисии. Во пресрет на решавачките седмици вечерва за Договорот со Бугарија дебатираме низ призма на истражување спроведено од Институтот „Преспа“. Во студиото на „360 Степени“ беа директорот на Институтот, Андреа Стојковски и универзитетските професори Вели Креци и Александар Спасеновски.

-Нова „Саботажа“

Back to top button
Close