(ВИДЕО) 360 Степени: Како на ЕВН Електрани да им продадеш ниви 40 пати поскапо од пазарната цена

„360 степени“ дојде до дел од документите и луѓето на кои, меѓу другото, им успеало метар квадратен земјиште кое вреди 20 денари, да го продадат и за 800 или 40 пати поскапо.

Живописни, но речиси напуштени се селата на север од Делчево. Нивите во околината на кои, сепак, се уште се работи земјоделство, немаат речиси никаква пазарна вредност. Можеби токму тоа била причината за ЕВН Електрани, фирма ќерка на ЕВН Македонија, да купи некои од овие парцели за да гради фотоволтаични централи.

Бизнис логиката е едноставна – владата нуди премии за електрична енергија добиена од сонце, а еден од условите е електраната да биде на земјиште кое е во сопственост на производителот. На прва, ништо спорно, но документите до кои дојде „360 степени“ откриваат поинаква приказна.

повеќе

Back to top button
Close