ВИДЕО: Ахмети и Теута Арифи пристигнаа на состанокот во Хотел Парк

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, заедно со Теута Арифи пристигна на состанокот во Хотелот Парк каде ги повика лидерите на албанските партии да ја одбележат 19-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.

Лидерите на Алијанса на албанците и на Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, пратиле писмо до ДУИ, како одговор на поканата наведувајќи дека сакаат да ја знаат агендата односно дневниот ред на таа средба, за како што напишале, да имаат време да се подготват и истата, доколку се договорат, да биде по 17-ти овој месец. откако ќе бидат подготвени за неа.

Лидерот на движењето Беса Билал Касами најави дека нема да присуствува на  средбата.

Во соопштението на ова партија се вели дека тие се за воспоставување нов модел на средби на парламентарните политички парти на Албанците, односно тоа да се случи по формирање на новата влада.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев  поканата од лидерот на ДУИ Али Ахмети за зедничка средба со челниците на партиите од албанскиот политички блок  ја оцени како обид за притисок врз него.

– Да, го гледам ова како притисок врз мене, СДСМ и Коалицијата „Можеме“, за премиер по предлог на ДУИ“, изјави Заев за ТВ21.

видео: Фуркан Салиу – фејсбук

Back to top button
Close