(Видео) Јакимовски до власта: Карпош на вода? Не, благодарам!

Карпош на вода? Не, благодарам!
Додека некои сонуваат облакодери покрај Вардар – јас гледам катастрофа во најава.
Замислете 45 згради „а ла Џевахир“, илјадници жители натрупани покрај реката, сообраќаен хаос и бетон до хоризонтот.
Ова не е визија – ова е лакомост во градителска форма.
Карпош нема да стане нечија рента-зона.
Кејот ќе остане простор за рекреација, дружење и спорт.
#Карпош #СтевчоЈакимовски #КарпошНеЕНаПродажба #ДаГоОдбранимеКарпош #ВардарНеЕБетон






