(Видео) Јакимовски-Карпошани, освежете се во Пробиштип. Базенот и Аква паркот во Борис Трајковски се затворени,со трева до колена
·
🏊♂️❌ Карпошани, освежете се… во Пробиштип! ❌🌞
Второ лето по ред – немаме базени во Карпош. Пред два дена бев кај базенот во Карпош 4, до салата „Партизан“ – заклучен 🚪, тишина и празнина.
Денеска ги проверив аква паркот и базенот при „Борис Трајковски“ – затворени! ❌ А околу нив – тревата до колена 🌿, отпад насекаде 🗑️. Граѓаните? Нека тераат до Пробиштип за да се разладат. 🤦♂️
👏 Браво ВМРО-ДПМНЕ! Вистински успех – да не можете да одржувате ни она што Груевски ви го изгради.
Еклатантен пример за владеење: 💤 неработа, запуштеност и целосна негрижа за граѓаните.
Карпош заслужува базени и спортски објекти, а не запуштени споменици на вашата неспособност.
Изјавата на Јакимовски на следниот линк: https://www.facebook.com/share/v/161C3NQ3jZ/