(ВИДЕО) Јакимовски: Мицкоски е виновник за раскинување на коалицијата

Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош, кажа дека виновник за растурањето на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во советот на општината е Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Јакимовски со жестоки обвинувања обзнани зошто повеќе нема да продолжи соработката со опозициската партија. Градоначалникот тврди дека нема никаква вина.

„За изживување, господинот Мицкоски треба да побара помлад од мене и со поинаков карактер и помалку години зад себе. Повеќе ова не може да биде толерирано. Морам да кажам дека во ВМРО-ДПМНЕ имам многу драги пријатели, со некои и ќе останам пријател. Им се извинувам на членовите на ВМРО-ДПМНЕ и апсолутно имам респект кон тоа што ме поддржале. Се што имам обврска кон нив ќе биде испочитувано, нема на никого да му фали влакно од главата. Моите обврски и натаму кон членовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги исполнувам. И по полноќ можат да ме контактираат. Моите разговори со Мицкоски прекинуваат, и тој единствен виновник поради која се раскинува оваа коалиција“, кажа Јакимовски.

ГРОМ ќе делува опозициски, кажа Јакимовски, а за помош на граѓаните и решавање на нивните проблеми.

„Знам дека ќе има приказни дека ќе одам со СДСМ. Но не правам коалиција со никого. Сите советници кои сакаат да соработуваме за решавање на проблемите на граѓаните, ќе бидеме поддржани. Тајниот непријател повеќе не можам. Да го трпам. Од тајни верувам има причина да станеме јавни непријатели. Виновник не сум јас, се обидував да ги ускладиме работите. Но преку грбот на граѓаните да се обидете да вршите притисок врз градоначалник на една општина, а не сте бирани, бујрум дојдете кандидирајте се наредните избори“, додаде Јакимовски.

Извор: Скопје 1

Back to top button
Close