(Видео) Јакимовски: Министре, земаш плата за да работиш за граѓаните, а не за да држиш пресови против Карпош!

t

Кандидатот за градоначалник на Опшина Карпош Стевчо Јакимовски, објави видео од улицата „Јури Гагарин“, која е ветена да се направи но се уште не е реализирана. Тој вети дека оваа улица ќе биде прва која тој ќе ја асфалтира следната година.

„Јури Гагарин“ — улицата на срамот!

Ветено асфалтирање на 20 октомври — денес, тишина. Нема асфалт, нема машини, нема одговорност. И така две години. Две години…

Проектот стои — заглавен не во кал, туку во министерски инат. Министре, земаш плата за да работиш за граѓаните, а не за да држиш пресови против Карпош!

Ова не се твои пари, туку пари од Светска банка. И сега, поради твојата игра, страдаат луѓето од Козле.

Јас ви ветувам — ова ќе биде првата улица што ќе ја асфалтираме следната година. Со улица, рабници, тротоари — како што заслужува секој Карпошанец.

Карпош не трпи блокади. Карпош ќе заврши што другите кочат.“ – вели Јакимовски.

 

 

Back to top button
Close