(ВИДЕО) Јакимовски побара уште еднаш одложување на казната, вели дека се уште не ја добил пресудата, а добил упатен акт за во затвор

Упатниот акт е издаден за втори јули односно до тој датум Јакимовски треба да се јави на издржување на казната во затворот Скопје, во Шутка. Апелациониот суд во Скопје во вторникот соопшти дека ја потврдил едногодишната затворска казна на Јакимовски за кривично дело бесправно градење кое се однесува на бараката во која до лани во септември беше сместена општина Карпош. Јакимовски има речиси 5 месеци издржано мерка притвор поради што му преостануваат уште 7 месеци од казната. Смета дека правосилноста на пресудата е за да биде спречен да се кандидира за нов мандат во општината бидејќи тој смета дека ќе има нови избори поради боледувањето и отсуството на актуелниот прв човек на скопската општина, Сотир Лукровски.
Инаку Јакимовски поднел и барање за одложување на извршување на казната поради здравствени проблеми. Тој е осуден за бесправно градење, додека Апелација му ја поништи казната од три години затвор за злоупотреба при издавањето на уверенија за општинската барака.
Второстепениот суд утврдил дека во описот на делото на обвинението не се содржани битните елементи на кривичното дело за кое се гони. Од друга страна делот од обвинението кое според кривичниот суд застарело повторно ќе се врати на судење бидејки апелација ја поништи првичната одлука па Јакимовски ке биде обвинет за друга постапка но за исто дело, злоупотреба на службена положба. Тој денеска рече дека ова е прв единствен слуичај во сите судови низ земјава некој да оди во затвор за дивоградба. Побарта врховниот суд да не подлегне под притисоците.






