(Видео) Јакимовски: Сотир — човекот што најде инспирација во ѓубрето!

Пред три дена тврдеше дека не сака да се снима, а денес — стои насмеан пред купишта отпад како да снима реклама за „Комунална хигиена – без хигиена“.
Е па, убаво му стои — барем не мора сценографија, ја има околу себе!
А вистината е проста: градот не работи.
Нивна е одговорноста, нивни се управните одбори, нивна е власта.
А сега, кога се давиме во смет — глумат спасители!
Нашата екипа изгина деновиве, чистејќи по нив.
Карпош не заслужува ваков срам, заслужува работа и одговорност, не циркус со насмевки пред контејнери.
#Карпош #СтевчоЈакимовски #ФактиНеЛаги #КарпошРаботи #НеЗаГлума #ОдговорностНеФотосесија