(Видео) Јакимовски: Спорен кров кој лани беше забранет повторно се користи за масовна журка
05.06.2026 15:33
948 Читање помалку од 1м
Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, преку објава на социјалните мрежи предупреди на можни безбедносни ризици поврзани со организирање настан на кров од објект за кој, како што тврди, претходно била изречена забрана за користење.
Јакимовски потсети дека минатата година општината забранила одржување забави на кровот на објектот поради безбедносни причини и наложила отстранување на пристапните скали.

„Денес истиот тој кров е распродаден за журка. Кој дозволил? Кој презел одговорност? Кој ќе одговара ако се случи несреќа?“, прашува Јакимовски во објава на социјалните мрежи.
Тој предупреди дека по трагедијата во Кочани сите ветувале дека ќе извлечат поуки, но според него, некои ги заборавиле лекциите и повторно дозволуваат ризични ситуации.
„Животот на луѓето не смее да биде помалку важен од профитот“, порача Јакимовски, повикувајќи на поголема одговорност и почитување на безбедносните стандарди.






