(Видео)„Ако јас како мајка, како домаќинка, сопругот не ми дава пари, швалерот не ми дава пари, па мора да се задолжам…“, изјава на советничка во општина Аеродром

Со 15 гласа “за“ и 12 “против“ советниците на Општина Аеродром вчера ја изгласаа одлуката за издавање обврзница од околу 5,4 милиони евра за реализација на капитални проекти во општината. Изостана поддршката од советниците од СДСМ и од Левица, кои сметаат дека општината ќе мора да отплаќа камати на овој кредит.

На социјалните мрежи стана вирално видеото на кое советничка од ВМРО – ДПМНЕ бранејќи ја одлуката на градоначалникот Тимчо Муцунски од говорницата рече: „Ако јас како мајка, како домаќинка, сопругот не ми дава пари, швалерот не ми дава пари, па мора да се задолжам…“

Инаку парите треба да се искористат за доградба на основното училиште „Блаже Конески“, надградба на училиштето „Гоце Делчев“, изградба на градинка „Буба Мара“ клон на „Пчела 1“, изградба на нова градинка и кофинансирање на градинка со Министерство за труд и социјална политика. Со парите, исто така, партерно ќе се уредува и осветлува дворот на училиштето „Димитар Македонски“,  ќе се уреди сквер зад ТЦ „Капитол“, се предвидува изградба на паркинг, како и на сервисни улици, водоснабдување, атмосферска и фекална канализација.

Извор:telma.com.mk

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

;

Back to top button
Close