ВИДЕО: Албин Курти ги повика иселениците Албанци од Македонија да се пријават на пописот

Кандидатот за косовски премиер, Албин Курти, преку видео на социјалните мрежи ја повика албанската дијаспора од Северна Македонија да се регистрира на пописот.

„Бидејќи според македонскиот Устав политичките права на граѓаните во Северна Македонија ги диктираат бројките, регистрацијата на секој граѓанин е исклучително важна. Ова значи дека за политичката застапеност, капиталните инвестиции, вработувањата, распределбата на буџетот, субвенциите за земјоделците, стипендиите за ученици и студенти, донациите за општините и слично зависат од бројот граѓани на двете најголеми државотворни заедници заедници на Северна Македонија. Напишете го вашето име и кликнете на опцијата: албански“, вели Курти.

„Пописот се случува 20 години по оној од 2002 година, бидејќи тој од 2011 година беше откажан од сè уште непознати причини од тогашниот режим на Груевски“, вели Курти.

Back to top button
Close