(ВИДЕО) Алсат: Полициска акција во Топанско поле

Полициска акција во Топанско поле, се приведуваат лица што го прекршуваат полицискиот час, јавува Алсат.

Со полициски комбиња и патролни возила попладнево полицијата приведува лица коишто не го почитуваат полицискиот час во населбата Топанско Поле.

Во текот на изминатиот ден МВР соопшти дека 154 лица не ја почитувале забраната за движење при што 130 се приведени, а за останатите се земени податоци и ќе следат соодветни мерки.

Полицијата евидентирала и 386 прекршоци за неносење на заштитна маска и две лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

видеото од акцијата погледнете го тука

Back to top button
Close