ВИДЕО | Андоновиќ: Декомунизација и дерусификација наспрoти денацификација и демилитаризација

Градските власти во Киев започнаа со отстранување на споменици од советската ера, однсно споменици кои го симболизираат руско-украинското пријателство.

Се работи за најмалку 63 споменици кои се поставени во престолнината Киев, а првиот кој беше отстранет беше огромниот споменик кој прикажува двајца работници – еден Украинец и еден Русин.

 

Прво падна главата на рускиот работник, напиша градоначалникот Витали Кличко на Телеграм.

Демонтажата, како што се вели, не била лесна, но на крајот се успеало во намерите.

Отстранувањето на споменикот има симболична сила, вели Кличко:

„Мора да го протераме непријателот и окупаторот од нашата земја.“

Споменикот, поставен во 1982 година, е еден од трите дела на ансамблот кој симболизира пријателство меѓу двата народа. Во тоа време Украина и Русија беа дел од Советскиот Сојуз. Се најавува отстранување и на групата фигури од црвен гранит поставени во чест на поврзаноста на двата народа, а огромниот лак од титан, кој се издига над спомениците, ќе остане и ќе биде преименуван во „Лак за победата на украинскиот народ“.

Сето ова се случува како резултат на руската инвазија врз Украина.

Се добива впечаток дека на намерите на Москва да ја спроведе до крај демилитаризацијата и денацификацијата на Украина, одговорот на Киев е декомунизација и дерусификација. Практично идеолошки судир кој воедно беше и главната причина за оваа војна.

Но, што е сменето по 63-дневните жестоки судири во Украина? Планот на Русија се менува од ден во ден. Последно е ставањето на неодамна освоениот украински град Херсон во платниот систем на Русија. Москва најави дека неколку украински градови кои се освоени од рускара армија од први мај влегувата во рускиот платен промет односно, наместо украинските гривни, ќе започнат да ја користат рубљата како платежно срество. Ваков потег идентично беше експересно воведен на кримскиот полуостров кога пред 8 години беше анектиран од Русија.

Со ставањето во рускиот платен ситем на новоосвоените уркаински градови, Москва практично ретерираше во првичните најави и ветувања дека специјалната операција нема намера да освојува територии, туку само да ги уништи неофашистичките инсталации во некои делови на Украина.

 

Back to top button
Close