(ВИДЕО) Андоновиќ: Дипломатско ,,топло ладно” меѓу Белград и Подгорица во пресрет на новата црногорска влада
Србија еднострано ја повлече реципрочно донесената одлуката за протерување на амбасадорот на Црна Гора.
Премиерката Ана Брнабиќ по состанокот со претседателот Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, соопшти дека одлуката била донесена по укажувањето на престедателот Александар Вучиќ дека дека животот и српско – црногорското пријателство се поважни, од дипломатските конвенции и реакции, алудирајќи на Виенската конвеција за дипломатски односи според која и дојде до реципроцитетното протерување на амабасадорот на Црна гора од Белград.
Вучиќ побарал од српските владини претставници да ја преиспитаат оваа нивна одлука во желба Србија уште еднаш да подаде рака на соработка и пријателство, бидејќи во регионот имаше многу конфликти. Брнабиќ додаде дека тие, исто така, се консултирале и со претставниците на српскиот народ во Црна Гора, кои ја поддржале ваквата сменета одлука Црногорската влада во саботата го протера српскиот амбасадор во Подгорица Владимир Божовиќ и го прогласи персона нон грата . Одлуката за протерување уследи по серијата опомени кои црногорското МНР ги упатило на адреса на Божовиќ како резултатат на, како што тврди Подгорица, континуираното мешеање во внатрешните работи на Црна Гора.
Главната причина за ова протерување е недипломатското однесување и изјавите кои задираат во внатрешните работи на Црна Гора за чувствителни историски теми , за кои Божовиќ давал пристрасни судови. Црна Гора го протера српскиот амбасадор Божовиќ, поради неговите изјава дека одлуката на Подгоричкото собрание од 1918 година, за припојување на земјата кон Кралството на СХС, била ослободување на Црна Гора и ја одразила слободната воља на црногорскиот народ.
Во соопштението се истакнува дека Божовиќ на таков начин го понижил законодавното и претставничко тело Собранието на Црна Гора, кое на 29-ти ноември 2018 година усвои Резолуција за поништување на одлуката на Подгоричкото собрание, со која е укинат дотогашниот суверенитет на Црна Гора, а нејзината територија присоединета кон Кралството Србија и насилно бил детрониизран кралот Никола Петровиќ. Но Црногорците Подгоричкото собрание го сметаат за нелегитимно и во 2018 година, Народното собрание и со закон ги поништи неговите одлуки. Истата вечер, како контра мерка Србија го ускрати гостопримството на амбасадорот на Црна Гора во Белград Тарзан Милошевиќ во Белград.
Сепак по консултациите Владата на Србија ја повлекла одлуката, во име на добрососедството и личните релации меќу двата народа ЕУ го поздрави потегот на Белград за едностраното повлекување на одлуката за протерување на амбасадорот на Црна Гора еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи оцени дека добрососедските односи и регионалната соработка се темел на ЕУ интеграцијата и ја повика Подгорица да го стори истото, односно да ја повлече забраната на српскиот амбасадор во Црна Гора.
Сепак дел од дипоматите во Црна Гора осто ја критикуваа изјавата Вархеи, велејќи дека тој не ја препознава сериознста на состојбата и ја подрива претпоставената сериозност и објективност на ЕУ политиката на Западен Балкан Дипломатското ,,топло –ладно” на релација Подгорица- Белград доаѓа во време кога мандатарот Здравко Кривокапиќ го престави својот владин кабинет за кој црногорското собрание треба да глласа доверба во вторник. Во пресрет на конечната листа на имињата за министри во новата влада, медиумите во црнагора започна со шпекулации и обвинувања за персоналните решенија на идните министри.
Медиумите го посочуваат името на идниот министер за финансии, Милојко Спајиќ дека е во врска со ќерката на мандатарот и идниот премиер Здравко Кривокапиќ. Спајиќ е предложен како независен ексепрт а всушност е во блиска роднинска релација со мандатарот, обвинуваат медиумите.
Поставувањето на својот иден зет за министер за финансии претставува грубо кршење на процедурите и има елементи на конфликт на интереси, обвинуваат медиумите и опозицијата во Црна Гора. Критиките за предложениот состав на владиниот кабинет се насочени и кон ветувањата на Кривокапиќ кој најавуваше дека во владата во Подгорица нема да седат партски решенија туку исклучиво експерти докажани во својата област, без разлика на ниваната политичка или партиска определба.
Подгоричките медиуми забележуваат дека во листата на имиња на новите министри речиси сите членови се од неговата партија и партијата на коалиционите партнери и дека речиси нема ниту еден независен експерт предложен за ресорен министер. Сепак, конечниот список на министрите во новата црногорска влада ќе биде познат на втори декември кога пратениците во црногорскиот кабинет треба да расправат и да дадат зелено светло за почеток на работата на владата на Здравко Кривокапиќ.