(ВИДЕО) Андоновиќ: Гандиевски протести како отпор на насилните демонстрации

Денеска во Србија стапуваат на сила вонредните мерки воведени од владата со кои се предвидува ограничување на движењето, забраната за јавни масовни собири и ограничување на бројот на лица , кој не смее да биде повеќе од 5. Вчера усвоените мерки од страна на владата на Ана Брнабиќ ја поставија дилемата дали денеска 4 ден по ред ќе продолжат протестите кои изминативе три дена беа одржани низ градовите во Србија.

Демонстрациите беа испровоцирани од намерите на српскиот претседател Александар Вучиќ да воведе целосен карантин за време на предстојниот викенд поради, растечкиот број на новозаразени и починати од коронавирусот. Оваа одлука предизвика жестоки протести низ поголемите српски градови, кои ја принудија српската влада да ја повлече оваа одлука и да воведе поблаги рестриткивни мерки, како што е ограничувањето на бројот на лица и ограничувањето на работното време на локалите и угостителските објекти. Наспроти првите два дена од протестите кои минаа во жестока пресметка на демонстрантите и полицијата, вчера граѓаните во Белград, Нови сад и Ниш започнаа со поинаква форма на протести.

Под мотото,, Седи не наседнувај“, неколку илјади граѓани се собраа пред платото на Српското собрание, и седејки на асфалтот го демонстрираа своето незадоволство поради политиките на Александар Вучиќ. Причина за овие мирни протести се , обвинувањата дека првите два дена од насилните приотести биле организирани од радикалните и навивачки групи, кои, како што обвинија, биле организирани од страна на актуелната српска власт за да предизвикаат инциденти и така да ги прикажат сите граѓани кои протестираат дека се насилни.

Вчерашниот ден во Белград и во останатите градови помина воглавном мирно, во духот на Ганди, однсоно демонстрантите седеа мирно пред српското собрание, каде иако имаше бројни полициски сили, не дојде до никаков насилен контакт. Беа регистрирани обиди на поединци кои фрлајки петарди врз мирните демонстранти сакаа да предизвикаат тензии, но безуспешно. Засега не се знае дали протестите ќе продолжат и денеска, но бидејки нема организатор, се очекува преку социјалните мрежи да бидат повикани сите граѓани повтрено да се соберат на мирен протест. Во меѓувреме Српскиот престедател Александар Вучиќ се наоѓа во Париз каде на средбата со претседателот Емануел Макрон го образложува предлогот кој Белград планира да го прифати за постигнување на договор, и нормализирање на односите со Косово.

Вучиќ денеска ќе има и видео средби со германската канцаларка Меркел која заедно со Макрон и европските челници посредуваат во разговорите меѓу Белград и Приштина кои ќе се случат по повеќе од една година застој Токму намерите на Вучиќ за наводно негово прифаќање на копромисот за демаркација на заедничката граница со Приштина, се посочени како една од причините на жестоките протести во Белград. Српската опозиција која ги подржува протестите го обвинува Вучиќ дека стои зад насилните демонстрации со кои сака да ги дефокусира српските граѓани и меѓународната јавност од , прифаќањето на , како што го нарекоа, срамниот план за губење на Косово.

Back to top button
Close