(ВИДЕО) Андоновиќ: Хрватската опозиција најголем губитник на изборите

Најголемиот губитник на парламентарните избори во Хрватска е опозиционата Социјал демократска партија која во широката коалиција која ја преводеше на изборите успеа да освои 41 мандат воп Хрватскиот сабор. Овој резултат беше далеку под очекувањата и предвидувањето. Анкетите во пресрет на изборите укажуваа на благо водство на СДП наспротивладеачката ХДЗ. Се предвидуваше и дека СДП ќе победи на изборите со благо водство, но дека ХДЗ би можело да ја формира новата владапоради сојот посилен коалиционен потенцијал. Во секој случај сите анкети најавуваа дека новата хрватска влада ќе биде слаба и на климави нозе.

Но Убедливата победа на ХДЗ и актуелниот премиер Пленковиќ ги демантираше сите овие анкети, предвидувања и очекуивања. Со бројката од 68 освоени мандати, ХДЗ не само да ќе формира силна влада, туку, доколку влезе во коалиција со својот десничарски опонент, Татковинската партијата на Мирослав Шкоро, која освои 16 мандати, ќе формира стабилна влада за наредниот 4 годишен мандат. Олчекувањата и анализите се базираа врз резултатите од претседателските избори кои во Хрватска се одржаа во јануари годинава. Тогаш, победник на изборите беше кандидатотот и лидер на СДП Зоран Милановиќ кој ја победи дотогашната престедателка на Хрватска и кандидат на ХДЗ Колинда Грабар Китаровиќ.

Изборниот пораз, како и малата предност од неколку проценти во однос на новата и трето пласирана татковинска партија на Шкоро, предвидуваше дека ХДЗ е пред цеклосен пораз и како опција и партија на овие парламентарни избори ќе се пресели во опозиција. Очекувањата во оваа партија одеа до таму, да веќе наголемо се разгледуваа опциите за промени во раководството и лидерксата позиција, како и мошниот налседник на, како што го нарекуваа, потрошениот Пленковиќ Но овие избори покажаа сосема поинаква слика. Сега СДП на сега веќе поранешниопт лидер и асктуелен престедател Зоран Милановиќ, останува во опозиција, а партијата мора да се соочи со сериозни реформи. Наслендикот на партиската лидерска позиција, и политчки анонимус.

Давор Бернардиќ, по завчерашниот изборен пораз најави оставка. Забелешките на негова адреса се однесуваат пред се на големиот број грешки кои тој ги направи за време на изборната кампања. Особено што како речаитвно непознат и неискусен политичар се покажа дека не е дораснат да се натпреварува со искусните политичари од ХДЗ и лидерот Пленковиќ. Ако во јануари годинава на престедателските избори победи искуството и харизмата на Милановиќ, сега се покажа дека хрватите не гласале против ХДЗ туку против нејзиниот тогашен кандидат Колинда Граба Китаровиќ. Во наредниот период, новата влада предводена од ХДЗ и Пленковиќ ја очекуваат големи рпедизвици но и искушенија. Пред се во односите со соседните Србија и Словенија но и со денсичарските владечаки партии од ЕПП на Австрија и Германија..

Сето тоа проследено со справувањето на пандемијата на коронавирусот која предизвика големи економски псоледици на државата чија туристичка сезона не успеа да профукционира. Што се однесува до Социјал демократите, доколку не дојде до Рестарт,како што и беше името на оваа коалиција предводена од СДП,партијата може да се соочи со доколку не дојде до Рестарт, на партијата и се заканува се позизвесен Shutdown, или згаснување

Back to top button
Close