(ВИДЕО) Андоновиќ: Историски ден за Црна Гора – по три децении Мило веќе не е на власт, но создава хаос и обид за државен удар
Црногорскиот парламент денеска одржува седница на која треба да го верифицира мандатот на владата предожена од мандатарот Здравко Кривокапиќ.
Предлогот на Кривокапиќ е влада со 12 министри кои според неговите најави, како приоритет ќе ја имаат борба против корупцијата и криминалот, правдата и рамноправноста, добрососедските односи со земјите од опкружувањето, гарантирање фер изборни услови, намалување на трошоците за јавна потрошувачка, создавање доверба од јавноста и целосна транспарентност за работата на државната администрација.
Меѓу приоритетите се и мерките за економско закрепнување и поддршка на стопанството по пандемијата на коронавирусот. Сепак Кривокапиќ не пропушти да обвини дека актуелната состојба во која во моментов се наоѓа Црнагора е катастрофална а условите во кои власта ја презема тој и неговите 12 министри може со право да се нарече еден вид „државен удар“.
Тој ја обвинува претходната власт во заминување дека создава хаос спроведува сценарио на заостаната земја, со цел дополнително да ја проблематизира работата на новата влада. Ескплецитен пример е нарушувањето на дипломатските односи со Србија, време темпирано токму кога власта на Мило е во заминување.
По неодамнешното протерување на Српскиот амбасадор од Подгорица кој е обвинет дека се меша во внатрешните работи на Црна Гора и укажувањето на ЕУ и гестот на Белград да ја повлече реципрочната мерка и сепак да го остави црногрскиот амбасадор во Белград, црногорското МНР засега одбива да ја намали тензијата и не дозволува враќање на високиот српски дипломатски претставник во Црна Гора. За одбивањето да ја повлече одлуката за протерување на српскиот амбасадор, обвинето е МНР на Црнагора кое е раководено од владеачката партија на Мило Ѓукановиќ, кое според Кривокапиќ, има за цел да ги уништи односите на братскиот црногорски и српски народ. Но дека владата на Кривокапиќ нема така лесно да владее, е и фактот дека уште не формиран, предложениот владин кабинет е оценет како непотистички и полн со партиски кадровски послушници.
Според обвинувањата Кривокапиќм на местотото министер за финансии го поставил својот зет за ќерка, а на останатите ресори, послушни партиски војници, но и според обвинувањата на Белград, кадровски решенија кои биле блиски со претходната гарнитура во партијата на Ѓукановиќ.
Останува да се види како малата Црна Гора, која изминатиов период се соочува со перманентна политичка криза, ќе успее да ја протурка транзицијата на новата власт по три децениското владеење на партијата на Мило Ѓукановиќ.